gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

Специјалист за дигитален маркетинг
Специјалист за SEO
Backend девелопер / Node.js
Full Stack Developer / Node.js, React.js

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 9 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

React.js developer

Имаме потреба од JavaScript девелопер со искуство во React.js. Вашиот примарен фокус ќе биде во развој на UI компоненти и нивна имплементација во React.js workflows (Flux или Redux). Треба да се погрижите овие компоненти и нивната целосна апликација се робустни и лесни за одржување. Ќе бидете во координација со останатиот дел од тимот кој работи на различни делови од инфраструктурата. Затоа, посветеност на заедничко решавање на проблеми, софистициран дизајн и квалитетен продукт се од особено значење.

Одговорности

  • Pixel-perfect“ имплементација на одобрен кориснички интерфејс
  • Развој на нови user-facing карактеристики користејќи React.js
  • Развој на компоненти и front-end бибилиотеки кои можат да се користат и во иднина
  • Преобразување на дизајн и wireframes во висококвалитетен код
  • Оптимизација на компонентни за максимални перформанси на уреди и пребарувачи

Вештини и квалификации

  • Високо познавање на JavaScript, вклучувајќи и DOM manipulation и JavaScript object model
  • Темелно познавање на React.js и неговите суштински принципи
  • Искуство во React.js workflows (Flux и Redux)
  • Познавање RESTful APIs
  • Знаење во областа на модерни механизми за авторизација, како што е JSON Web Token
  • Искуство во front-end алатки, како што се Babel, Webpack, NPM, итн.
  • Способност на разбирање на бизнис барања и нивна преобразба во технички барања