gore

Кариера

Работи го тоа што го сакаш!

React.js developer
Специјалист за SEO
Backend девелопер / Node.js
Full Stack Developer / Node.js, React.js

НЕ ЈА ГЛЕДАШ ПОЗИЦИЈАТА СКРОЕНА СПОРЕД ТВОИТЕ КВАЛИТЕТИ?

ПИШИ НИ, ЗАТОА ШТО СЕКОГАШ СМЕ ВО ПОТРАГА ПО ТАЛЕНТИРАНИ ЛУЃЕ!

Контактирај нѐ

Пиксел е брзорастечка компанија со речиси 9 години искуство во светот на дигитална трансформација.

Се фокусираме на развој на веб и софтверски решенија, како и на дигитален маркетинг, градиме успешни тимови на професионалци, создаваме атмосфера на споделување на знаење и промовираме тимска работа.

Нашата визија е на сите кои се дел од Пиксел да им ги овозможиме најдобрите можни основи за личен и професионален развој.

Специјалист за дигитален маркетинг

Идеалниот кандидат ќе управува со портфолио на клиенти на компанијата за да им помогне на клиентите да ги подобрат нивните резултати од маркетинг кампањите. Кандидатот ќе имплементира и оптимизира рекламни кампањи на платформите за адвертајзинг на социјални медиуми, како и на други платформи за дигитален адвертајзинг како Google Ads и слично. Познавање и искуство со SEO и концепти во дигитален маркетинг ќе се смета за предност.  

 Одговорности

  • 4+ години работно искуство во маркетинг или дигитална агенција, големи фриленс проекти или како дел од оддел за маркетинг на поголема компанија
  • Креирање маркетинг стратегија за платено рекламирање и пребарување
  • Креирање, поставување, водење и оптимизација на дигитални кампањи на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn) и Google
  • Креирање таргет публики и листи на клучни зборови
  • Следење клучни метрики (KPI), aнализа и креирање извештаи од кампањи за клиенти и менаџмент, со препораки за идни активности
  • Мониторирање на буџет и оптимизација
  • Креирање содржина и предлози за платено рекламирање
  • Проактивност во креирање кампањи
  • Акаунт – контакт и комуникација со клиент

Вештини и квалификации

  • Искуство како PPC менаџер
  • Планирање и имплементација на платени стратегии со Facebook, Instagram, LinkedIn и Google Ads продукти.
  • Повеќеканален пристап – огромно разбирање во интеграција на дигитални канали (PPC/Контент/Социјални медиуми)
  • Креирање и следење на клучни зборови, таргет публика, следење на дневен и месечен буџет, следење на перформанси и оптимизација на кампањи
  • Смислување содржина и давање сугестии за креатива
  • Искуство во анализа на податоци и спремање извештаи
  • Следење на KPIs и спремање на извештаи кои се корисни за менаџментот
  • Практично искуство во алатки за аналитика (Google Analytics) – познавање на Power BI/Google Data Studio ќе се смета за предност

Како предност би се сметале следните познавања:

  • Познавање од SEO и концепти на дигитален маркетинг 
  • Планирање и водење на SEO кампања и стратегија – истражување, нетехничка имплементација, спремање извештаи  
  • Детално разбирање на сите аспекти на SEO; технички, онсајт и офсајт